Тотална доминација: Бразил на два меча не дозволи да му шутнат на гол

101

Репрезентацијата на Бразил не им дозволи на ривалите на Светското првенство во Катар да упатат ниту еден удар во рамките на голот на Алисон Бекер.

Тимот на Тите ги победи Србија (2:0) и Швајцарија (1:0) не дозволувајќи им на противниците ниту еднаш да се заканат кон голот на голманот на Ливерпул. Ова е уште еден своевиден доказ за доминацијата на „кариоките“, кои веќе се во осминафиналето и им преостанува само уште да го одиграат мечот со Камерун.

ПретходноФА КУП: Челзи оди кај Манчестер Сити, Ливерпул ги чека Вулфс
СледноУникатна тетоважа на уругвајскиот голман (ФОТО)