Федерацијата го суспендираше, Сонг вели дека може да се врати во тимот, а тој веќе си заминал од Катар?!

1208

Селекторот на Камерун, Ригоберт Сонг, изјави дека голманот Андре Онана ги прекршил правилата и затоа не беше на голот за натпреварот со Србија денеска, но тоа не значи дека е трајно отстранет од тимот.

Сепак, така не мислат од Федерацијата на Камерун која денеска со официјално соопштение потврди дека Онана е суспендиран.

Поранешниот голман на Ајакс, сепак, би можел да се врати во селекцијата доколку добро се однесува, порача Сонг.

„Тој е важен играч, но ние сме на тежок турнир. Морам да се погрижам интересот на тимот да биде над оној на кој било поединец. Андре ја прифати мојата одлука“, рече Сонг, без да каже што направил погрешно Онана. Некои медиуми напишаа дека Онана ја напуштил селекцијата и се уште е нејасно дали ќе биде во тимот за последниот натпревар од групата со Бразил.

ПретходноБомба од Италија: Андреа Ањели и Павел Недвед си заминаа од Јувентус!
СледноБензема почнува со тренинзи, се враќа и на СП во Катар?