Вчера на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, во битката за главниот град се сретнаа Работнички и Македонија ЃП. Интересен меч, но сепак подобар беше Работнички и заслужено победи со 2:0.
Сепак во еден момент “главен“ актер на мечот беше едно куче кое никако не сакаше да го напушти теренот, минуваа секунди па и минути а играта беше во прекин. Дури по “интервенцијата“ на домашниот голман Игор Алексовски “фраерот“ неволно го напушти теренот а натпреварот можеше да продолжи.