Винсент Абубакар беше човекот кој го крена Камерун на мечот со Србија. „Лавовите“ беа во загубена позиција, а Абубакар ги однесе до реми благодарение на една асистенција и еден гол откако влезе во игра во второто полувреме (3:3).
Роден е во Јаунде, а кариерата ја почнал во локалниот клуб Котон спорт, кој е 17-кратен шампион на Камерун, а и актуелен. Во 2010 година ја продолжува кариерата во Франција, поточно во Валенсиен, а истата година добива повик од Пол Ле Гвен за Камерун на СП 2010 година. Винсент стана најмладиот учесник на турнирот после Кристијан Ериксен од Данска.
That Vincent Aboubakar chip was so nasty, unreal stuff! #CMR pic.twitter.com/s33O6hXbsI
— Fútbol (@El_Futbolesque) November 28, 2022
ИНСПИРАЦИЈА – РОНАЛДИЊО
За себе вели дека не сакал да гледа фудбал на телевизија, а инспирација му е Роналдињо.
„Како дете не сакав да гледам фудбал. Повеќе сакав да играм. Еднаш мојот другар Фидел ме повика кај него заедно да гледаме меч од Ла Лига меѓу Барселона и Алтетик. ‘Е тоа е фудбалерот кој ќе ти се допадне’, ми рече Фидел покажувајќи кон Роналдињо. Тој одигра прекрасен меч, тој ми стана инспирација. Го обожавам“, изјави Абубакар.
„Сменив многу клубови, а парите не ме сменија. Јас сум тивок и мирен. Не пушам, не одам по забави и слични работи“, вели Абубакар.
После 16 гола во сезоната за Лориен, Абубакар се сели во Порто, а по заминувањето на Џексон Мартинез станува главен напаѓач. Поради тоа од Порто не му дозволиле да отиде во Лестер или Евертон.
Кога дојде време тој да инсистира на трансфер, англиските опции исчезнаа, па остана само Бешикташ. Со 19 гола Kaмерунецот стана вториот најдобар стрелец во сезоната 2016/17 и покрај тоа што истата сезона пропушти неколку натпревари поради Африканскиот куп каде што го постигна победничкиот гол во финалето.
Goal of the TOURNAMENT by Vincent Aboubakar 🇨🇲🦁🔥#TeamCameroon #FIFAWorldCupQatar2022 pic.twitter.com/kfi7cXcyhI
— 🇨🇲 Celeb Photographer 🇨🇲 📸 ❁ (@Steve_Labile) November 28, 2022
СЕГА ИГРА ВО САУДИСКА АРАБИЈА
Од 2021 година Абубакар е член на Ал Наср од Саудиска Арабија. Во првата сезона на 30 натпревари постигна 10 голови.
„Ми се допадна пријателскиот однос на Саудијците и нивната страст кон фудбалот. Се прилагодив на Ријад, но жештината ме исцрпува“, вели Абубакар за престојот во Ал Наср.
Тој беше најдобар стрелец на Африканскиот куп на нациите во 2022 година, а неколку часови пред полуфиналето со Египет го искритикува Мохамед Салах.
„Тој не ме импресионира. Ова го кажувам затоа што сум искрена личност и имам свое мислење. Салах е добар играч, постигнува многу голови, но ова не е нивото на Мбапе“.
Камерун беше елиминиран од Египет на пенали.
Денеска, 25-годишниот голгетер го инспирираше Камерун за прв пат да постигне три гола на меч од СП. Следниот предизвик е Бразил. Вистински меч за докажување.
🇨🇲 Vincent Aboubakar: 🗣 “Yesterday I saw the Morocco match, they showed so much intensity,”
“So I passed on the same message to my teammates: we have to put on the same desire and willpower [as Morocco].”pic.twitter.com/ruJf7wfKtm
— African Insider (@African_Insider) November 28, 2022