Езџјан Алиоски, еден од нашите најдобри фудбалери, незаменлив во нашата репрезентација веќе неколку месеци е еден од клучните играчи на Фенербахче. И кога веќе си член на таков гигант како Фенер, тогаш јасно е дека медиумите постојано ќе пишуваат за тебе.
Па така популарниот Џани во едно интервју за турските медиуми за тоа кој гол му е најомилен во кариерата, тој не се двоумеше да каже:
„Во својата кариера има постигнато многу голови. Сепак, најмногу ми се допадна или најдраг ми е оној дебитантскиот за Фенербахче и тоа против Адана Демирспор. Тој гол нема никогаш да го забораваме. Како да го опишам Фенер со три збора? Љубов, страст и моќ“ рече покрај другото македонскиот репрезентативец.