Карим Бензема би можел да се врати во составот на француската репрезентација на СП во Катар доколку се опорави од повредата поради која мораше да си замине непосредно пред почетокот на Мундијалот. Веста ја потврдија од ФИФА.
Фудбалерот на Реал Мадрид и натаму е на списокот на Дешан, затоа што тој не повика ново име на негово место. Според радиото RMC, ФИФА потврдила дека играчот би можел да се врати во Катар, под услов така да одлучи Дешан.
Дел од медиумите објавија дека Бензема утре се враќа на тренинзи во Мадрид.