По шокантниот пораз во првото коло од Саудиска Арабија, Аргентина во саботата успеа да го победи Мексико со 2:0 и да дојде до многу важните три бода кои ги оставија „гаучосите“ во трката за пласман во осминафиналето.
Колку оваа победа им значела на Аргентинците јасно покажа видеото од славјето од соблекувалната што се појави на социјалните мрежи.
Сепак, поради еден детал на видеото, на удар се најде Лионел Меси, кој беше обвинет од Мексиканците дека намерно го бришел подот во соблекувалната и по него се движел со дресот на еден од нивните репрезентативци.
Canelo had some strong words for Messi after seeing his locker room celebration 👀
(via @canelo, nicolasotamendi30/IG) pic.twitter.com/emRRHK1nGO
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) November 28, 2022
Најгласен беше мексиканскиот боксер Канело, кој навистина се налути од потегот на Меси, па реши да му се закани на Аргентинецот и да му каже дека нема да си помине убаво ако некогаш се сретнат во животот.
„Го видов Меси како го чисти подот со нашиот дрес и знамето. Да се моли на Господ да не го најдам. Исто како што јас ја почитувам Аргентина, тој треба да го почитува Мексико. Не зборувам за сите Аргентинци воопшто, туку само за ова срање што го направи Меси во соблекувалната и она што сите го видовме“.