Бомба од Италија: Андреа Ањели и Павел Недвед си заминаа од Јувентус!

546

Вечерва од Јувентус си заминаа Андреа Ањели, долгогодишен претседател на Јувентус и Павел Недвед, потпретседател и десна рака на Ањели. Оставки ќе поднесат и останатите членови на управниот одбор.

Ова го означува и крајот на ерата на Ањели кој е на кормилото на торинскиот клуб од 2010 година. Од Италија се очекуваат и дополнителни информации за промената на целата структура на клубот. Во наредните денови и месеци ќе дознаеме повеќе за причините за разделбата и за следниот претседател на клубот.

Засега е познато дека Аривабене, кој досега беше на функцијата извршен директор, ќе го води клубот во преодниот рок.

ПретходноБруно ја однесе Португалија во осминафиналето (ВИДЕО)
СледноФедерацијата го суспендираше, Сонг вели дека може да се врати во тимот, а тој веќе си заминал од Катар?!