Отворена е истрага: ФИФА ќе „УДРИ“ против Германците!

734

Репрезентацијата на Германија, односно Фудбалската федерација на таа земја се најде во незгодна ситуација и веројатно ќе добие санкции од страна на ФИФА. Имено покрената е постапка, поточно е поведена постапка против Германците со оглед на тоа дека играчите не се појавувале на прес – конференциите и дека тоа го правел само селекторот Ханси Флик.

Правилата на ФИФА велат дека на ден пред натпреварот мора да има присуство на барем еден играч на прес – конференцијата.

Како што велат вестите од Катар, следува предупредување или во најлош случај парична казна.

ПретходноВо фантастичен меч Гана ја победи Ј. Кореја! (ВИДЕО)
СледноФОТО НА КОЛОТО: Алексовски и кучето во Маџари!