По победата над Велс, ослободени 700 затвореници од иранските затвори

307

Повеќе од 700 затвореници во Иран се ослободени по неодамнешната победа на репрезентацијата над Велс на Светското првенство во Катар, соопштија тамошните власти.

По поразот од Англија со 6:2, Иран во петокот го победи Велс со 2:0, а утре (20) ќесе сретне во одлучувачки меч со САД. Меѓу ослободените има „поединци уапсени за време на неодамнешните настани“, додаваат правосудните органи, без да дадат дополнителни детали.

Под „настани“, тамошните власти ги подразбираат демонстрациите што го потресоа Иран од 16 септември, кога младата Иранка Махса Амини, почина во затворската болница, уапсена поради носење „несоодветна облека“ и кршење на строгиот кодекс на облекување за жените.

ПретходноБензема почнува со тренинзи, се враќа и на СП во Катар?
СледноВуков од следната година во Порше Суперкупот