По серијата од три порази во АБА2-лига, екипата на ТФТ им се врати на победите во домашниот шампионат, место каде што се чувствува покомотно. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија го запиша четвртиот триумф оваа сезона, откако ја совлада Академија ФМП со во меч од седмото коло. На другата страна домашниот тим продолжи со лошите резултати, дојде до поразот број шест и остана закован на дното на табелата.
ТФТ поголемата разликата ја направи во третата четвртина која ја доби со 17-33, па во последната четвртина влезе со позитива од 54-80. На одморот гостинскиот состав водеше со двоцифрени 37-47, слика која не дозволи да промени до крајот.
Николов имаше дабл-дабл од 18 поени и 11 скока, два поналку запиша Батрик. Кај Академија ФМП, Пајиќ имаше 16 поени.