Уругвајскиот голман Себастијан Соса го привлече вниманието пред почетокот на вечерашниот натпреварот против Португалија во второто коло од групата „Х“ на Светското првенство. Причина не е тоа што доби шанса да биде на голот на Уругвајците, бидејќи е само трет голман, туку стилската тетоважа на лав на задниот дел од главата.
Соса (36) неодамна помина низ лична драма. Неговата мајка почина во Монтевидео кога тој со репрезентацијата на Уругвај во Абу Даби се подготвуваше за Светското првенство.