Денеска на „Енфилд“ беше извршена ждрепката за третото коло од ФА Купот, првото во кое се вклучени премиерлигашките тимови. Во оваа рунда ќе имаме неколку двојки кои привлекуваат внимание.
Манчестер Сити за ривал го доби Челзи во се чини најајтрактивниот дуел во оваа фаза. Ништо понеинтересно нема да биде и на дуелите Манчестер Јунајтед – Евертон и Ливерпул – Вулверхемптон.
Меѓу останатите премиерлигашки екипи, Њукасл ќе се сретне со Шефилд В.. а Лидс Ј. ќе игра со Кардиф.
Натпреварите од третото коло ќе се играат од 6 до 9 јануари.