ФК Вардар: Бараме од Пелистер дозвола за присуство на „Комитите“ во Битола!

699

Во сабота во меч од 14.коло во ВМФЛ е закажано “Дербито на Македонија“ меѓу Пелистер и Вардар. Големо дерби на мак – фудбалот.

Мечот е закажан за во сабота со почеток од 13 часот, а ФК Вардар предмалку излезе со свое соопштение во кое покрај другото се бара и дозвола за присуство на “Комитите“.

Соопштението на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост.

Недела ден за дерби!

Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на Ф.К. Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група “Комити Запад”. Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група “Чкембари Битола” на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје.

Воедно, упатуваме важен апел до управата на Ф.К. Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу Ф.К. Пелистер и Ф.К. Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се одигра ден подоцна, односно во недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби.

Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на било кој аспект.

Недела ден за фудбал – навивачите заслужуваат!

Со почит,

Ф.К. Вардар“

Навистина чудно барање на Вардар натпреварот да се презакаже од сабота во недела. Дали има некаква причина за таквото барање? Се знае дека утринава Општина Битола објави дека во сабота во Битола ќе има фудбалски празник. Ќе се пушти во употреба и реконструираната трибина на стадионот “Петар Милошевски“. Се очекува од Пелистер и Вардар да одиграат голем меч како што им доликува.

Во Вардар треба да знаат дека кога се организира спектакл тој мора да биде максимално организиран. Сабота е терминот за натпреварот. Секако дека организаторот си има свои идеи околу самата организација и затоа несфатливо е барањето тој меч да се игра во недела.

ПретходноКритики за Пикси: „Ужасно, ние игравме без селектор на клупата!“
СледноМитровиќ: Кога ќе примиш глупави голови…