Џани Алиоски: Мојот најдраг гол во кариерата е оној дебитантскиот за Фенербахче!

190

Езџјан Алиоски, еден од нашите најдобри фудбалери, незаменлив во нашата репрезентација веќе неколку месеци е еден од клучните играчи на Фенербахче. И кога веќе си член на таков гигант како Фенер, тогаш јасно е дека медиумите постојано ќе пишуваат за тебе.

Па така популарниот Џани во едно интервју за турските медиуми за тоа кој гол му е најомилен во кариерата, тој не се двоумеше да каже:

Во својата кариера има постигнато многу голови. Сепак, најмногу ми се допадна или најдраг ми е оној дебитантскиот за Фенербахче и тоа против Адана Демирспор. Тој гол нема никогаш да го забораваме. Како да го опишам Фенер со три збора? Љубов, страст и моќ“ рече покрај другото македонскиот репрезентативец.

ПретходноСудиска анализа: Добро судење во ПМФЛ, правилно досуден пеналот за Струга ТЛ, оштетен е Пелистер во ВМФЛ!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Славчо Георгиевски – Тупан