Пред е Пелистер е нова задача во Европската лига, нова шанса да дојде до втората победа оваа сезона. Битолскиот тим му гостува на Мотор Запорожје во рамките на четвртото коло, станува збор за противник кој е на последното место на табелата во групата Д со три порази.
И на оваа средба македонскиот вицепрвак нема да биде комплетен, оваа сезона нема среќа со повредите. Во последен момент стигна одлична вест, за Диселдорф отпатува Усама Хосни, кој последен месец ќе му биде на располагање на тренерот Ларс Волтер. И натаму надвор од стројот се Руди Сери и Мартин Велковски поради повреда.
Е.Пелистер е фаворит и покрај тоа што не е комплетен, а предводникот очекува да се вратат со целиот плен.
Мотор е поранешен тим на македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски, кој настапуваше во сезоната 2018/2019.
„Ќе се бориме до крај и ќе сториме сè што е во наша моќ да освоиме два бода против Мотор. Мотор има добри ракометари. Анѓелиќ игра во средината и искусен голман како Кoмок на голот. Од тоа што го видов, играат убав ракомет. Одиграа добар натпревар против Архус, Бидасоа Ирун имаше проблеми со нив, па нема да биде лесно.
Мора да дадеме се што имаме и да го добиеме овој натпревар. Два брзи тима ќе се соочат, мислам дека ќе биде интересен натпревар. Ни треба нашата добра одбрана, последниот натпревар малку поспоро се враќавме“, изјави предводникот на македонскиот вицепрвак.