Куртоа: Ако дознаеме кој е кодошот, има да лета од репрезентацијата веднаш

18772

Репрезентацијата на Белгија се наоѓа во специфична фаза. Загуби од Мароко со 2:0 во второто коло од Мундијалот, и сега мора да победи против Хрватска ако сака да оди во елиминациите. Јавноста гласно зборуваше околу лошата атмосфера во тимот, наводните расправии, па дури и тепачки во тимот.
Па така, поради сето ова, на денешната прес конференција мораше да излезат искусните играчи и да ја смират ситуацијата. Прв во редот беше Тибо Куртоа.

„Не е вистина дека имало тепачка. Тоа се лаги, огромни лаги. По мечот, седнавме и разговаравме. Си кажавме се што имаме да си кажеме. И на тоа е ставено крај. Одиме на Хрватска, да ја победиме. Нема друго. А се останато ќе го заборавиме. Освен кодошот во тимот кој ги измисли сите оние лаги и ги пласираше во јавноста. Кога ќе го дознаеме ќе лета од тимот“ – изјави Куртоа.

ПретходноУникс го растури Минск, Нено без поентерски скор!
СледноМЗТ Скопје според планот, Чаир лесен „плен“