Нов дабл-дабл за Јокиќ, Вилијамсон со тројка за победа на Њу Орлеанс (ВИДЕО)

88

Кошаркарите на Денвер славеа над Хјустон со 129:113, со нов дабл-дабл учинок на српскиот кошаркар Никола Јокиќ. Денвер водеше на полувремето со 70:68, но прашањето за победникот беше решено на крајот од третата четвртина, кога тимот од Колорадо тргна во серија од 8:0 за да дојде до плус 15 (106:91).

Јокиќ постигна 32 поени, заедно со 12 скока и осум систенции. Ова е третпат во последните четири натпревари српскиот центар да постигнува повеќе од 30 поени.

Њу Орлеанс на домашен терен ја победи Оклахома со 105:101. Клучната тројка на 44 секунди до крајот ја постигна Зион Вилијамсон, за кого ова беше 100. меч во НБА. Вилијамсон беше најефикасен кај Њу Орлеанс со 23 поени.

Феникс го совлада Сакраменто на гости со 122:117 и со тоа ја оствари петтата последователна победа. Гостите од Аризона до победата ги предводеше Девин Букер со 44 поени, додека Деандре Ајтон го забележа деветиот дабл-дабл сезонава со 17 поени и 12 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Аталанта 104-101

Вашингтон – Минесота 142-127

Бостон – Шарлот 140-105

Бруклин – Орландо 109-102

Торонто – Кливленд 100-88

Њу Орлеанс – Оклахома 105-101

Денвер – Хјустон 129-113

Јута – Чикаго 107-114

Сакраменто – Феникс 117-122

ЛА Лејкерс – Индијана 115-116

ПретходноВуков од следната година во Порше Суперкупот
СледноУште еден смртен случај на навивач за време на СП во Катар