Фудбалерите на Катар не се прославија на овогодишното Светско првенство кое се одржува во нивната држава. Јасно беше дека Катар нема големи шанси да направи сензација на Мундијалот но ни тие самите не очекуваа дека ќе ги изгубат сите три натпревари во групната фаза.
Имено, Катар е првата земја домаќин на Мундијалот која ги загубила сите три натпревари во групната фаза и така коло пред крајот ги загуби сите шанси за пласман во нокаут фазата. Лошо тргнаа на првиот меч против Еквадор кога загубија со 0:2, а притоа играа очајно. Потоа следуваше подобро издание на мечот со Сенегал кој го загубија со 1:3, но барем го постигнаа и првиот гол на Мундијалите, а стрелец беше Мунтари.
На крајот доживеаја пораз и од Холандија со 0:2.
Значи на сите три натпревари е поразен со најмалку два гола разлика што е јасен показател дека оваа репрезентација е далеку од тимовите кои се тркаат за титула на СП 2022.