ФИФА соопшти дека е покрената дисциплинска постапка против Хрватска поради навреда на Милан Борјан на натпреварот од второто коло од групата Ф меѓу Хрватска и Канада.
За време на самиот натпревар, хрватските навивачи го навредуваа голманот на Канада, Милан Борјан, скандирајќи кон него најпогрдни непристојни зборови од трибините и веејќи знамиња на трибините кои јасно укажуваат на воените злосторства врз Србите за време на војната.
ФИФА не трпи вакви испади, па сосема е очекувано Хрватите во наредните денови да добијат парична казна за нападот на чуварот на мрежата.
Според прописите ваквите прекршувања генерално заслужуваат парична казна за федерацијата, па се очекува истото да биде и во оваа ситуација. Засега не се знае колкава би можела да биде казната и кога ќе биде одредена, но за споредба може да послужи германската репрезентација која ќе плати 10.000 швајцарски франци бидејќи не испрати ниту еден играч на конференцијата. Ова значи дека Хрватите ќе платат повеќе, но за тоа ќе треба да почекаме.