Во Белгија врие: Де Бруин и Азар ќе се тепале, Лукаку и Батшуаи не сакаат да се видат

1213

Ситуацијата во репрезентацијата на Белгија е далеку од идеална. По поразот од Мароко, на еден од тренинзите вчера дошло до мала физичка пресметка меѓу Кевин де Бруин, Еден Азар и Јан Вертонген. Немало тупаници, но имало туркање и некои остри зборови, пренесува белгиски „РТЛ“.

Ромелу Лукаку се обидел и успеал да ја раздели „вжештената тројка“, но тензиите во тимот на Роберто Мартинез не се смируваат. Белгиските медиуми пишуваат за лоши односи во селективниот табор, а и самиот Мартинез неодамна призна дека ситуацијата во соблекувалната не е најдобра, па токму тука се наоѓа клучот за проблемот кој е видлив на теренот.

Тибо Куртоа и Кевин де Бруин не разговараат со години, а причината е што поранешната девојка на ѕвездата на Сити реши да го изневери со голманот на Реал. И Батшуаи и Ромелу Лукаку не се во добри односи, а некако не зборуваат ниту Еден Азар и Леандро Тросар.

ПретходноПрвпат ја победија Швајцарија: Бразилците на Мундијалите никогаш не победиле само против три селекции
СледноКина со донација за Пингпонгарската федерација на Македонија