Холандскиот напаѓач Коди Гакпо постигна гол во дуелот со Катар во последното коло од групната фаза на СП 2022 и со тоа постави неколку рекорди. Во 26. минута Гакпо доби топка од Класен и со супер шут од далечина го совлада катарскиот голман.
Со тоа 23-годишниот напаѓач стана првиот фудбалер на СП во Катар кој постигна гол на три едноподруго натпревари на едно СП. Тој е првиот холандски фудбалер во историјата кој реализирал голови на своите први три едноподруго мечеви на едно СП.
Понатаму, тој заедно со италијанскиот фудбалер Алесандро Алтобели на СП 1986 се единствените кои го отворале резултатот на три меча во иста група на едно СП.
Гакпо е само вториот холандски фудбалер кој постигнал гол(ови) со левата нога, десната нога и со глава во едно издание на СП после Весли Снајдер кој го направи истото на Мундијалот во Јужна Африка.
Само три Холанѓани претходно реализирале голови на три меча по ред на СП, Јонас Нескенс (1974), Денис Бергкамп (1994) и Весли Снајдер (2010).
Сезонава Гакпо има 13 гола и 17 асистенции за ПСВ во холандската Ердивизија. Тој е цел на Манчестер Јунајтед.