Големи промени во Ферари!

372

На крајот на сезоната во Формула 1 пристигна вест која малкумина ја очекуваа. Матија Биното повеќе нема да биде директор на Ферари. Ова е прв чекор во италијанскиот тим по сезона во која не стигнаа ниту една титула.

Тимот имаше многу грешки во текот на сезоната, особено при изборот на лоша тактика за време на трката. Тие дури и не се прославија во боксот на повеќето трки.

Биното беше нападнат од навивачите на Ферари, многумина веруваа дека тој е главниот виновник за лошите резултати, но тој не обрнуваше многу внимание на коментарите.

Се чинеше дека Биното сепак ќе остане на чело на Ферари, но сепак реши да го напушти кормилото. Кој ќе ја преземе функцијата нов директор на Ферари ќе видиме во наредните денови.

Да потсетиме, минатата сезона италијанскиот тим заврши на второто место во конкуренција на конструктори со 554 бодови, додека првопласираниот Ред Бул имаше 759 бодови.

ПретходноКФСМ ги номинираше најдобрите за 2022 година!
СледноОткако не успеале да ги поткупат, иранските власти им се заканиле на фудбалерите!