Далас носи ново засилување: Кемба Вокер ќе му биде партнер на Дончиќ

338

По четири последователни порази, а веќе десет вкупно, со кои падна на 11-тото место на Западната конференција, Далас Маверикс очигледно сфатија дека им се потребни нови засилувања. За таа цел, многу скоро се очекува тексашаните да потпишат соработка со Кемба Вокер. Поранешната ѕвезда на Шарлот имаше големи проблеми со коленото во последните две сезони, но сега се чувствува добро и би можел да заигра за Далас.

Притоа, од Далас планираат да се ослободат од Факундо Кампацо, кој доби шанса да игра само на осум натпревари, од кои на само два беше повеќе од 10 минути на паркетот.

ПретходноПоследна рунда: Англија и Холандија на чекор до осминафинале, кој друг ќе им се приклучи?
СледноНавивачот кој втрча на терен е фудбалер кој играше и во УЕФА Конференциската лига