Земјотресот во Јувентус донесе нови имиња: Ревизор стана нов претседател на „Старата Дама“

328

По земјотресот и заминувањето на највисокото раководство на Јувентус, по оставките на Ањели, Недвед и Паратичи, нов претседател на „Старата Дама“ станува Џанлука Фереро, сметководител и ревизор. Маурицио Сканавино ди Геди е назначен за генерален директор. Италијанската јавност сега се прашува што ќе се случува сега со судските истраги за клубот.

Со ресетирање на целиот управен одбор на Јувентус, почнуваат разговорите за новите имиња кои ќе треба да се справат со овој трнлив момент на транзиција, кој е исто така деликатен од гледна точка на судските истраги. Со оглед на состанокот закажан за 18 јануари 2023 година, Ексор соопшти дека Џанлука Фереро ќе биде новиот претседател. Бидејќи веќе бил консултант на компанијата, ревизор, член на одборот на директори и на комитетот на различни компании, тој се смета за идеален и најквалификуван профил за она што сега му треба на Јуве.

Кој е Џанлука Фереро, новиот претседател на Јувентус?

Роден во Торино во 1963 година, Фереро дипломирал економија и трговија во 1988 година. Тој е регистриран во Редот на овластени сметководители и сметководствени експерти од Торино од 1989 година и е во Регистарот на законски ревизори од 1995 година. Тој е исто така консултант на Судот во Торино. Неговото име беше обелоденето утрово, откако целиот одбор на директори на Јувентус, вклучувајќи го и претседателот Андреа Ањели, поднесоа оставки. Одлуката беше донесена на крајот на вонредниот состанок свикан вчера попладне, на кој беше објавена документацијата за „новите правни и сметководствени мислења на независните експерти назначени да ги проценат критичните прашања“.

Јуве и неговите навивачи сега многу внимателно го следат развојот на буџетската истрага, пред очите на судиите, поради „маневрите со платите“ и капиталните добивки кои се сметаат за фиктивни. Сметките се во минус 253 милиони евра годинава, а по 209 милиони евра за претходните две години. Парадоксално, единствениот кој навистина остана на кормилото е тренерот Масимилијано Алегри, чиј отказ многумина го бараа досега.

ПретходноКина со донација за Пингпонгарската федерација на Македонија
СледноПоследна рунда: Англија и Холандија на чекор до осминафинале, кој друг ќе им се приклучи?