Италијански медиуми: Јувентус може да биде исфрлен од Серија А!

513

Италијанскиот гигант Јувентус го тресе нова афера поради прекршување на финансиските прописи. Голем број на италијански прволигаши, вклучувајќи ги Јувентус, Наполи и Сампдорија, се под истрага за вештачко надувување на вредноста на трансферите, но во случајот со Јувентус, постои сомнеж за дополнителни малверзации.

Имено, за време на пандемијата на коронавирус во 2020 година, 23 првотимци на „Старата Дама“ потпишале анекси на договорот со кои им беа намалени платите за клубот го преброди тешкиот период.

Сепак, обвинителството тврди дека тие анекси биле фиктивни и дека Јуве незаконски им ја исплатил на играчите целата плата, но потпишаните анекси му овозможиле да плаќа помал данок.

Да потсетиме, во 2006 година, по избивањето на скандалот „Калчополи“, Јувентус беше исфрлен од Серија Б, а на клубот ретроактивно му беа одземени титулите. Порталот „Football Italia“ ја истражува можноста ова да се повтори и заклучува дека е можно доколку истрагата утврди дека гореспоменатите финансиски малверзации му помогнале на Јувентус да го регистрира тимот и да се натпреварува во највисокото ниво на италијанскиот фудбал. Покрај исклучување од лигата, можна е и помала казна во вид на одземање бодови.

Цела Управа на клубот даде оставка, претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене, како и голем број помали функционери.

ПретходноОткако не успеале да ги поткупат, иранските власти им се заканиле на фудбалерите!
СледноБлеска на Мундијалот, Клоп ги вклучи алармите, го сака што побрзо на Енфилд!