Катар конечно призна: За Мундијалот загинаа повеќе од 500 работници

1214

Шефот на актуелното Светско првенство во Катар, Хасан Ал Тхавади во емисијата кај Пирс Морган конечно одговори на долго поставуваното прашање. Колку вкупно работници загинале за време на градењето на целата инфраструктура која што беше потребна за Мундијалот.

Ал Тхавади изјави дека за поребите на овој мега настан, Катар има потрошено околу 200 милијарди долари, но и дека не му е точна бројката на загинати работници. Изјави дека се сигурно повеќе од петстотини но дека за жал точната бројка не му е позната.

Ова е сериозен чекор напред на Катарците со оглед на фактот што досега тие и негираа дека воопшто имало загинати во градењето на стадионите, патиштата, хотелите, и се што беше потребно за овој Мундијал.

FOTO EPA

Претходно„Светнаа“ рефлекторите во Тетово
СледноХоландија и Сенегал во осминафинале (ВИДЕО)