МЗТ Скопје според планот, Чаир лесен „плен“

131

МЗТ Скопје продолжи со силниот ритам, по триумф над Мега во АБА-лига, актуелниот македонски првак дојде до нова победа, но овој пат во домашниот шампионат. Избраниците на Александар Петровиќ ја оправдаа фаворитската улога против Чаир 2030, на пред своите навивачи го совладаа со убедливи 106-61 во меч од седмото коло.

За тимот од Аеродром ова беше шестти триумф сезонава, додека на другата страна дебитантот го запиша петтиот пораз.

Мечот беше по првото полувреме, по 30-21 во првата четвртина, домашните кошаркари го добија следниот период со двоцифрена разлика, па на одморот заминаа со предност од 53-33.

Во ист ритам продолжија и во третата четвртина, не дозволија гостите да се разиграат, одбраната беше на високо ниво.

Робев беше прв стрелец со 21 поен, 6 скока и 5 асистенции, зад него беше Мекиќ кој постигна 16 поени и 7 скока, за одбележување е дабл-даблот на Пандев од 10 поени и 10 скока. На другата страна Френклин имаше 21 поен.

ПретходноКуртоа: Ако дознаеме кој е кодошот, има да лета од репрезентацијата веднаш
СледноЈувентус има нов претседател