Познати првите дуели од осминафиналето

338

По разврските во групите А и Б веќе се познати првите дуели од осминафиналето на Мундијалот во Катар. На 3 декември во Ал Рајан ќе се соочат Холандија како победник на групата А и САД како второпласирани во групата Б.
Другиот осминафинален меч ќе се игра на 4 декември на „Ал Бајт“ стадионот во Ал Кор, а на мегдан се Англија и Сенегал. Англија победи во групата Б со седум бода, а Сенегал заврши втор во групата А со 6 бода.

ПретходноАнглија како прва и САД како втори отидоа во осминафиналето (видео)
СледноГакпо на своето прво СП постави неколку рекорди!