Првата судијка на Мундијалите ќе го суди мечот Костарика-Германија

198

За прв пат во историјата женски фудбалски судија ќе суди натпревар од машкото Светско првенство. Французинката Стефани Фрапар е назначена за главен судија на натпреварот меѓу Костарика и Германија во 3. коло од групната фаза.
На Стефани ќе и асистираат Нуса Бек од Бразил и Карен Диас Медина од Мексико.
Претходно, Фрапар беше четврти судија на мечот меѓу Мексико и Полска на Мундијалот.
Инаку таа е првата судијка која судела мечеви во француските Лига 2 (2014) и Лига 1 (2019), Европскиот Суперкуп (2019 година), групната фаза на ЛШ (од 2020) и квалификациски натпревари за СП (2021 година).
Мечот Костарика-Германија ќе се игра на 1 декември.

ПретходноГакпо на своето прво СП постави неколку рекорди!
СледноПешевски: Покажавме дека сме дојдени да се бориме, дека го заслужуваме овој дрес!