Победата на Бразил над Швајцарија (1-0) во второто коло од групната фаза на Светското првенство 2022 година беше прва која „кариоките“ ја забележале над оваа репрезентација на натпревар на завршницата на едно Светско првенство. Претходно, Бразил играл со Швајцарија на Светското првенство 1950 година кога мечот заврши без победник, 2:2), а реми беше и на Светското првенство 2018 година (1:1).
Откако, конечно, во третиот меч на светските првенства ја совладаа Швајцарија, пред Бразил има само уште три селекции против кои „кариоките“ досега не успеале да слават на завршница на СП. Интересно една од нив е веќе во осминафиналето на овој Мундијал во Катар. Тоа е селекцијата на Португалија.
Покрај Португалците, Бразил на СП не победил и против Унгарија и Норвешка, кои не учествуваат на овој Мундијал.