Роналдо притиска во ФИФА првиот гол со Уругвај да биде запишан како негов (ВИДЕО)

2416

Кристијано Роналдо се уште верува дека тој го постигнал првиот гол на Португалија против Уругвај синоќа, и покрај тоа што сите официјални извори тврдат дека тоа е гол на Бруно Фернандеш.

Токму тој нафрли во казнениот простор на Уругвајците, каде Роналдо се обиде да игра со глава, но на крајот се чини дека не ја допре топката и таа заврши во мрежата за 1:0. Првично ФИФА го запиша Роналдо за стрелец, но неколку минути подоцна се корегираа.

Медиумите откриваат дека веднаш по натпреварот, од соблекувалната, Роналдо му испратил порака на Пирс Морган, во која е дециден дека ја допрел топката кога Фернандеш нафрлил. Дури и Португалија побарала од ФИФА да ја прегледа уште еднаш снимката и да го запише голот зад името на Роналдо.

 

ПретходноУште еден смртен случај на навивач за време на СП во Катар
СледноПрвпат ја победија Швајцарија: Бразилците на Мундијалите никогаш не победиле само против три селекции