По децении планирање, ветување и чекање, конечно во Тетово, поточно на Гратскиот стадион се поставени и проработеа рефлектори. Со истите ќе може во градот под Шара конечно да се играат и вечерни натпревари со што се добива уште еден ваков објект кај нас.
Сега, откако ова конечно е завршено, ред е да се реконструира и трибинскиот простор на стадионот кој реално не е „чепнат“ уште од изградбата на истиот во раните осумдесетти години од минатиот век.
На тој начин Шкендија ќе може да ги игра своите меѓународни мечеви во Тетово, односно на домашен терен што секако ја зголемува можноста да успех.