Синот на некогашниот прославен екс југословенски фудбалер, Илија Петковиќ, Душан, и самиот некогашен фудбалер, заедно со уште неколкумина е уапсен во Холандија при обид да прошверцува неверојатни 115 кила кокаин.
Акцијата која во корелација ја одработела Холандската, Српската полиција, но и Американската ДЕА, била добро организирана па групата криминалци биле фатени откако ја истовариле дрогата на пристаништето во Ротердам, а потоа ја пренеле во еден мал француски град каде што биле и уапсени. Конечната нејзина дестинација била Лондон.