Уште еден смртен случај на навивач за време на СП во Катар

411

Навивач на Велс почина за време на Светското првенство во фудбал во Катар. 62-годишниот Кевин Дејвис бил римен во Општата болница Хамад во Доха, откако „змејовите“ загубија со 2-0 од Иран. Тој не бил на стадионот, затоа што останал во својот стан бидејќи не се чувствувал добро. Најверојатната причина за неговата смрт е срцев удар.

“Кевин Дејвис беше дел од Црвениот ѕид и сите сме уништени од веста. Испраќаме сочувство до неговото семејство. Сите сме како едно големо семејство и сега изгубивме еден од нашите членови”, изјави претставник на здружението на фудбалски навивачи на Велс, Пол Кокри.

Дејвис во Катар бил со својот син и неговите пријатели. Ова е втор смртен случај во Катар поврзан со СП 2022. Пред два дена во својата хотелска соба почина 65-годишниот британски ТВ стручњак Роџер Пирс.

ПретходноНов дабл-дабл за Јокиќ, Вилијамсон со тројка за победа на Њу Орлеанс (ВИДЕО)
СледноРоналдо притиска во ФИФА првиот гол со Уругвај да биде запишан како негов (ВИДЕО)