Хенеберг го уништи Мотор, Пелистер го освои Диселдорф за втора европска радост!

221

Е.Пелистер со победа се враќа од гостувањето кај Мотор Запорожје во Диседолрф. Македонскиот вицепрвак го запиша вториот триумф во Европската лига, беше подобар со 30-33 (16-18) во меч од четвртото коло. Овие бодови беа и тоа како значајни за враќање на самодовербата по убедливиот пораз од Фуксе Берлин, но и за продолжување на битката за пласман во следната фаза.

Главната улога на теренот ја имаше Хенеберг, одигра неверојатен натпревар, зад своето име запиша 14 гола од 15 обиди. Радовиќ имаше четири гола, Танкоски, Васиљев и Пешевски имаа по три погодоци. Лесјак имаше осум одбрани, Кизиќ две.

Украинскиот тим влезе подобро влезе во мечот, поведе со 3-1 и 4-2. Но, битолскиот тим имаше веднаш одговор со серија од 4-0 поведе со 4-6 во десетата минута. Во овој дел на ниво на задачата беше Хенеберг, четири гола беа негово дело. На средината на првото полувреме беше 7-9. Мотор сепак успеа да се врати израмни на 10-10, пропушти шанса за водство, па Ларс Влетер повика тајм-аут. Васиљев зголеми на 10-11, но домашниот тим не дозволуваше мечот лесно да биде решен. Во последните пет минути, битолчани предводени од Лесјак и неговите седум одбрани во овој дел успеаја да одржат позитива од два гола со која заминаа на одморот 16-18.

По само осум минути игра во второто полувреме ракометарите на Е.Пелистер дојдоа на плуспет (18-23). Максимално ја искористија предноста од играч повеќе на теренот. Хенеберг беше нерешлива енигма без грешка, го постигна десеттиот погодок.

Во 42 минута, Е.Пелистер остана без Певле Атанасијевиќ, кој најверојатно го повреди скочниот зглоб.

Украинскиот состав не успеа да најде начин да се врати на оваа средба, по 13 погодок на неверојатниот Хенеберг, кој беше беспрекорен, битолскиот состав дојде на плус шест (24-30) во 50. минута. Пред самиот крај ракометарите на Е.Пелистер се опуштија, но тоа не се одрази на крајниот резултат.

ПретходноЈувентус има нов претседател
СледноМакедонското знаме во преден план во Диселдорф, Пелистер со благодарност до навивачите!