Репрезентациите на Холандија односно Сенегал ќе бидат дел од осминафиналето од тековниот Мундијал во Катар. Денеска овие две селекции извојуваа победи против Катар односно Еквадор и на тој начин обезбедија елиминациона фаза.
Холандија рутински против домаќинот со победа од 2:0 откако погодија Гакпо односно Де Јонг и го освоија првото место во групата со седум бода.
Од друга страна пак, во директниот дуел за пласман понатаму, Сенегал подобаер од Еквадор со 2:1.
Сар погоди од пенал во самиот финиш на првиот дел, израмни Каиседо во 68. минута. Само две минути подоцна Калиду Кулибали погоди за ново водство за афиканците и конечен триумф односно пласман во елиминациите.