Мундијалот секогаш ни дава нови херои, а се чини дека Мундијалот во Катар има нова ѕвезда на светскиот фудбал во една од африканските репрезентации. Судејќи по партиите, но и според пишувањата на одредени медиуми.
Репрезентативецот на Гана, 22-годишниот Мохамед Кудус ги воодушеви сите на првите два натпревари на Гана во групната фаза против Португалија и Јужна Кореја.
Кудус постигна два гола и со одлични настапи веднаш се најде на радарот на европските гиганти.
Некои европски медиуми лансираа вест дека Ливерпул е многу заинтересиран за Кудус и ќе направи се тој од јануари да дојде на „Енфилд“. Клоп будно ги следи игрите на овој фудбалер.
🚨 – JUST IN: Liverpool have entered the race to try and sign Mohammed Kudus. [@MikeVerweij] pic.twitter.com/NGxd15aQtt
— 𝐀𝐅𝐂 𝐀𝐉𝐀𝐗 💎 (@TheEuropeanLad) November 28, 2022
Тој моментално вреди 15 милиони евра, но по Мундијалот нема дилеми дека Ајакс ќе бара добра сума на пари за својот фудбалер кој може да покрие повеќе позиции на средината на теренот. Особено ако оди во нокаут фазата со Гана.
Тоа е токму она што му треба на Јирген Клоп. Тип на фудбалер кој може да игра на неколку позиции на средината на теренот, кој може многу да поврзе, но и да ја олесни играта на Ливерпул.
„Црвените“ имаат проблеми со повредите на играчите од средниот ред, некои од нив не се во форма, па ќе направат се за репрезентативецот на Гана да го облече дресот на еден од најтрофејните клубови на Стариот континент.