Откако денеска повторно се разви полемика дали Роналдо ја допре топката по нафрлувањето на Бруно Фернандеш на синоќешниот дуел со Уругвај и дали ФИФА ќе му го запише тоа како негов гол, со свој став се јави Златан Ибрахимовиќ:
„Секој знае кога ја допрел топката, а кога не. Најбесрамно е да заборавиш дека камерите ќе ја откријат вистината. Требаше да прослави со Бруно, да му каже, да тоа беше твој гол, јас не ја допрев таа топка, наместо да се обидува да привлече непотребно внимание во јавноста. Ова јасно покажува дека тој сака се да биде за него, затоа и Тен Хаг го избрка од Јунајтед. Едноставно сега медиумското око е насочено кон Меси за одржување на Аргентина во живот на турнирот, па тој сега се обидува да го украде вниманието и од Меси и од Бруно. Фудбалот не е за крадци“, порача Ибра.