Пингпонгарската федерација на Македонија доби значителна финансиска помош од НР Кина преку нивната амбасада во Македонија за поддршка на развојот на новите млади пингпонгари.
Средствата од донацијата ќе бидат искористени за купување на професионална опрема за пинг понг (маси, рекети, гуми и топчиња) создавајќи една база на опрема која ќе се користи за сите нови млади талентирани играчи во земјата со кои што Пингпонгарската федерација заедно со клубовите членови на истата ќе преземат одговорност за нивниот понатамошен професионален развој во овој спорт.