Навивачот кој втрча на терен е фудбалер кој играше и во УЕФА Конференциската лига

941

На натпреварот меѓу Португалија и Уругвај синоќа дојде до прекин во 51. минута при резултат 0:0. За првпат на ова Светско првенство навивач истрча на теренот и реши да испрати две силни политички пораки. Станува збор за италијанскиот фудбалер Марио Фери (35), кој интересно настапуваше и во  квалификациите за УЕФА Конференциската лига.

Фери моментално е играч на италијанскиот нисколигаш Кастел ди Сангра, а на почетокот на оваа сезона беше играч на Тре Фиори од Сан Марино. Затоа и се појави во квалификациите за конференциската лига на УЕФА против луксембуршката Фола Еш кога беше елиминиран.

Феро носеше маица „Почит за жените во Иран“, изразувајќи ја својата поддршка за протестите низ азиската земја против угнетувањето на жените и нивното отстранување од јавниот живот. Покрај тоа во раката носеше знаме со бои на виножито. Фери го носи прекарот Ил Фалко (Соколот) и ова не е првпат да прекинува натпревар. Фери истрча на теренот пред 12 години на Светското првенство во Јужна Африка, за време на полуфиналниот натпревар меѓу Германија и Шпанија. За своите испади доби благи казни.

ПретходноДалас носи ново засилување: Кемба Вокер ќе му биде партнер на Дончиќ
СледноИбра со порака за Роналдо: Не се прави луд, затоа и Тен Хаг те избрка од Јунајтед