Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Уникс Казан ја запишаа четвртатата победа во низа по единствениот пораз од ЦСКА Москва, вкупно 12 оваа сезона, откако на домашен терен го совладаа Минск со убедливи 102-53.
Овој меч беше решен уште по првото полувреме, во кое тимот на Димитријевиќ имаше позитива од 54-20. Одиграа во ист стил и во третата четвртина ја добија со 30-11 и ставија печат на триумфот.
Македонскиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелци, во игра мина нецели 18 минути за кои имаше два скока и пет асистенции.