Гигантот со демант: Ма каков Роналдо, нема ништо од тоа!

1133

Кристијано Роналдо нема да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен. Челниците на германскиот клуб ги демантираа сите шпекулации за можното доведување на португалскиот фудбалер во редовите на овој гигант. Оливер Кан веднаш се огласи и стави крај на сите приказни за евентуалното доаѓање на славниот фудбалер.

Се шпекулираше дека Баварците би можеле да го доведат Кристијано на краткорочен договор до крајот на сезоната. Една од причините за тоа наводно би била повредата на Садио Мане, но тоа нема да се случи.

„Од доаѓањето на Роналдо нема ништо. Сме разговарале и претходно, го сакаме, но нашата стратегија е поинаква, имаме јасна претстава што сакаме и каков тим сакаме да имаме“, изјави Кан, извршниот директор на Баерн.

Роналдо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед по скандалозното интервју.Тој е единствениот играч на Мундијалот кој нема договор со ниту еден клуб, а по завршување на истиот веројатно ќе се знае каде ќе оди. Има понуди од Америка, Саудиска Арабија, се шпекулира дека можеби би можел да се врати во Спортинг, клубот во кој се започна.

ПретходноФИФА веќе нема да го толерира, ќе го казни Мбапе
СледноМарка: Готово е, Роналдо има нов клуб и најголем договор во историјата на фудбалот