Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп призна дека морал да им даде одмор на некои главни фудбалери во дуелот со Тунис кој го загубија со 0:1. Тоа беше последен меч од групната фаза, а резултатот не им смени ништо на светските шампиони затоа што го освоија првото место во групата и се пласираа понатаму.
А во судиското продолжение Гризман постигна гол за 1:1 но беше поништен поради офсајд после консултација со луѓето од ВАР собата.
„Не знам што си кажаа, но можеби беше офсајд. Не знам. На крај ни спречи радост. Очигледно е дека имавме потешкотии поради изборот на составот“.
„ Не можеме да ги постигнеме апсолутно сите цели во исто време. Имавме два прилично тешки натпревари за само четири дена. На повеќе играчи им дадов можност да играат. Тоа е натпревар од Светското првенство и разликата беше очигледна. Најважно е што ја постигнавме нашата цел. Сега ќе се опоравиме и ќе се подготвиме за втората фаза“, изјави Дешам на прес-конференцијата по натпреварот.