Италијанската федерација и официјално отвори случај против Јувентус

124

Италијанската фудбалска федерација (FIGC) започна истрага за наводите дека Јувентус плаќал плати на своите играчи кои се различни од оние што ги објави јавно, објави државната новинска агенција АНСА.

Информациите велат дека финансискиот ревизор на сојузот почнал со ревизии на финансискиот извештај за платите во 2020 година и во 2021 година. Извор на FIGC потврди за Ројтерс дека информацијата е точна.

Управниот одбор на Јуве, вклучително и претседателот Андреа Ањели и извршниот директор Маурицио Аривабене, колективно поднесоа оставки во понеделникот и семејството Ањели предложи сметководител да ја преземе функцијата претседател додека клубот се обидува да се справи со финансиските и правните проблеми.

Финансиските извештаи на Јувентус беа под лупа на обвинителството и италијанскиот економски регулатор Консоб во последните месеци, истражувајќи ги наводите за лажно сметководство и манипулации со берзата.

На спортски и технички план, Масимилијано Алегри останува главен тренер на тимот, објави новиот извршен директор Џон Елкан од сопственичката компанија Exor.

„Сметаме на него и на целиот тим да продолжиме да победуваме на теренот, како што покажаа дека можат во последните неколку натпревари. Им повторив дека целите на теренот остануваат високи“, објасни Елкан.

„Секогаш е многу убаво да се чувствува поддршката од акционерите, затоа му благодарам на Џон Елкан за овие зборови“, изјави самиот тренер Алегри.

Тој освои пет титули во Серија А, четири Купа на Италија и два Суперкупа, носејќи го тимот во финалето на Лигата на шампионите двапати во неговиот прв период на чело од 2014-2019 година. Во 2021 година тој беше повикан да започне нов мандат кој сеуште е активен.

 

ПретходноМатеј Цветаноски и официјално си замина од Партизани
СледноРаководството на ФФМ одржа состанок со клубовите од ЖМФЛ: Финансиска поддршка за сите прволигаши