Плејмејкерот на МЗТ Скопје Аеродром, Мајк Кефи е најдобар асистент за месец ноември во АБА лигата. Американецот во просек доделил осум топки на своите соиграчи кои што завршиле со поени, и во таа категорија е број еден изминатиов период.
Од друга страна пак, Ален Омиќ е најдобар скокач со просечни 11.3 скока по дуел, додека пак Дерон Расел од Морнар со 23.7 поени е најдобар поентер.