Неверојатни приказни ни доаѓаат од СП во Катар. Една е врзана за Мохамед Салису (23) и Мохамед Мунтари (28). Имено и двајцата се викаат Мохамед, двајцата се родени во градот Кумаси, играле како деца заедно на улица, но сега играат за две различни селекции. Салису игра за Гана, за земјата во која е роден а Мунтари пак е член на Катар на Мундијалот. И двајцата постигнаа голови за соите селекции.
Навистина интересно.
Пред десет години заедно играле на правливите улици на Кумаси, а сега и двајцата играат на најголемата светска фудбалска сцена.