Ањели и компанија си поднеле оставки само за да избегнат апсење!

191

Како што пишуваат медиумите во Италија, иако истрагата е во тек, познато е зошто раководните лица на чело со Андреа Ањели си поднеле оставки од своите функции во Јувентус. Познато е дека се води истрага против Јуве, клуб кој обвинет дека неправилно ги водел своите финансии посебно околу плаќањето на своите играчи во изминатите години. Ништо ново кога станува збор за овој клуб и луѓето кои водеа до вчера ако се знае дека постојано се врзува клубот од Торино со слични скандали.

Е, сега, само поради тоа да не одат уапсени, односно да не бидат во притвор или домашен притвор, Ањели, Недвед и останатите си заминале од Јуве.

Барем според пишувањето на тамошните медиуми.

Сепак ако се докаже нивната вина секако дека им следува затвор.

ПретходноПеле повторно во болница, се бори со канцер…
СледноРуска провокација до Американците! (ВИДЕО)