Валтер по победата над Мотор: Горд сум на момците!

130

Ларс Валтер, може да биде задоволен од играта на неговите момци против Мотор Запорожје, особено ако се земе во предвид дека и на оваа средба го немаше на располагање комплетниот ростер. Е.Пелистер дојде до целиот плен, славеше со 30-33 на гостински и терен и остана во битка за пласман во следната рунда.

„И на оваа средба видоивме дека ни недостигаа ракометари, бидејќи на крајот сите беа многу уморни. Но, сите се бореа и дадоа малку повеќе од можностите. За еден тренер беше убаво да се види тимот. Мотор има бекови кои шутираат од преку 11 метри без проблем. Знаевме дека е поинаку да се брани против такви ракометари, но беше поразлично.

Посебно во вториот дел одигравме есктремно добро. Почнавме да играме подобро во одбраната, на крајот моравме да менуваме тројца ракометари, во ракометот тоа не добро, па затоа примивме повеќе голови од контри. Ракометарите се бореа и навистина сум горд на нив“, рече тренерот на Е.Пелистер по мечот, кој најави дека Павле Атанасијевиќ најверојатно ќе биде отсутен од терените.

ПретходноФудбалот секогаш победува: Момент по мечот меѓу Иран и Америка кој го обиколи светот (ВИДЕО)
СледноХенеберг со втор најубав гол на колото (ВИДЕО)