Се чини дека сепак не е се идеално во таборот на репрезентацијата на Србија. Имено во медиумите кај нашиот северен сосед, излезе шпекулација дека Душан Влаховиќ е поврзан со се*с скандал со жена на еден од неговите репрезентативни колеги. Се пишува и тоа дека токму поради тој скандал напаѓачот не настапил на мечот со Камерун.
Секако дека напаѓачот на Јуве и репрезентацијата на Србија тоа денеска жестоко го демантираше:
„Никогаш не сум го правел ова, но сега морам. Се споменува моето име и затоа реагирам. Тоа се глупости, измислици, небулози. Луѓето кои што тоа го прават и што измислуваат такви работи веројатно им е здодевно, нема што да прават во својот живот, тоа се ископлекцирани луѓе. Со ова некој сака и да ја наруши атмосферата во репрезентацијата. Јас сум подготвен за настап за тоа дали ќе играм со Швајцарија ќе решава селекторт“ рече покрај другото Влаховиќ.